Соопштение за јавност – реакција на прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ соочена со извесен пораз на изборите на 12 април и без никаква програма продолжува единствено со ширење на лаги и измислици.
Во недостиг на програма опозицијата повторува демантирани лаги.
Лага е дека Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски има каква била поврзаност со Пин Петрол Куманово.
МВР преку официјално соопштение ја демантираше оваа лажна вест и соопшти дека ниту министерот Спасовски ниту член на неговото семејство нема било каква сопственост во оваа компанија, ниту во било која друга, ниту во минатото ниту денес.
Согласно законските прописи секое правно лице кое што ги исполнува условите, има право да аплицира за добивање на овластување за станица за технички преглед и доколку ги исполнува условите добива дозвола за работа.
Како и уште 12 000 вработени во МВР ,така и лицето Никица Петрушевски е вработен во истата институција, уште една лага дека е дел од кабинетот на министерот и имал некакво влијание.
Матрицата на опозицијата е груевистичка, режимска, нуди деструкции и блокади на се што е добро за граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ нуди само лаги затоа убедливо ќе изгуби на изборите на 12 април.