Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ бидејќи нема идеја ниту план а најмалку став, си тера пресови со невистини.
Институциите денес, работат професионално, транспарентно и отчетно и исклучиво во интерес на граѓаните. Потврда за тоа е и последната анкета на јавно мнение ,според која 8 од 10 граѓани се чувствуваат безбедно и бројот на задоволни граѓани од работата на полицијата е значително зголемен во однос на резултатите од 2017 година и изнесува 55 отсто.
Сите параметри водат кон позитивни промени во полицијата и нејзино унапредување.
ВМРО-ДПМНЕ како за се друго така и за ова, остануваат во својата матрица на црни сценарија и заштита на криминалците. Затоа на 12 април ќе доживеат фијаско на предвремените парламентарни избори.
СДСМ била и останува на страната на граѓаните и државата.