Соопштение за јавност
СДСМ кaко политички субјект којшто ги следи модерните трендови и практиката на државите од Европската унија, одлучи наредниот период да ги започне сите процеси и активности за официјализирање на електронскиот спорт т.е. гејмингот како официјална категорија спорт.- истакна Ѓорги Тасев , посебниот советник за млади и спорт на премиерот на трибината на СДСМ – „Агенда спорт 20-24“С.Ц. Борис Трајковски, во Скопје.
Токму ИТ секторот, дигиталниот свет , сајбер просторот оставаат можности за ширење на електронскиот спорт.
Тој потенцираше дека на ова ќе претстои широка дебата, вклучување на сите гејмери и заинтересирани страни со цел да се даде еден поинаков правец во развој на државата, како на економски, така и на спортски план.
Спортот е глобален феномен кој го трансформира учесникот од пасивен гледач во активен играч и во моментов не постојат граници кои ќе запрат неговиот развој.-истакна Тасев.