fbpx

Будимир на трибина Агенда Спорт 20-24: Владата предводена од СДСМ е прва влада која има слух за родова еднаквост

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

30 години сум во спортот, 20 години како играч, 10 како тренер и сум била сведок на неправда кон жените во спортот. Денес, конечно имаме Влада која има слух за рамноправноста на жените и вложува да се воспостави потребниот баланс. Огромна чест ми е да сум дел од Комисијата за спорт на СДСМ предводена од Мојсовски и ветувам дека посветено ќе работам на зајакнување на позицијата на жената во спортот и унапредување на спортот целокупно, рече Андријана Будимир, членка на Комисијата за спорт на СДСМ и бивша ракометарка.

Цел е да се воведат квоти во сите управни одбори и федерации за рамноправно учество на жени, за да се слушне гласот на жените кој ќе придонесе за развој на женскиот спорт. Учеството на жените во федерациите ќе придонесе жените да го кажат своето искуство и да влијаат на целосно унапредување на спортот, заклучи Будимир.

Последни вести