fbpx

Честитка на ген-сек Љупчо Николовски по повод Денот на наставата на турски јазик

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски  по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија.

-Честитајќи ви го денешниот празник, сакам да го истакнам значењето на образувањето на мајчиниот јазик, кое е од особено значење за негувањето  на обележјето на еден народ.

Република Северна Македонија е еден живописен мозаик во кој живеат различни народи, со различни култури и јазици. И токму оддржувањето во  живот на тие посебни обележја на различностите не прави нас како држава посебни.

Живеејќи  заедно, ја градиме нашата  заедничка иднина на соживот, еднаквост и почит. Турската заедница е значаен дел од македонското мултиетничко општество кое се темели на доверба и заедништво.

Затоа заеднички да  продолжиме по патот кој оддамна заедно  го одиме, заеднички да придонесуваме во градењето на просперитетна иднина за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Последни вести