fbpx

Нервозната ВМРО ДПМНЕ по откриениот криминал на Белиот дворец фатена и со лажни анкети

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Нервозно е ВМРО ДПМНЕ, откриен е криминал од огромни, мега размери кои почнуваат и водат до Белиот дворец.

Дотаму одат со лагите што објавија анкета на МЦМС во која токму според МЦМС нема рејтинзи на политички партии.

Нервозните во ВМРО ДПМНЕ се фатени живи како повторно манипулираат и лажат.

Затоа нема во анекатата ништо за криминалот, како предметот Талир 2, за луксузите во Белиот дводрец како вазните од 180.000 евра и плочки од 100.000 евра.

Нервозни се во ВМРО ДПМНЕ и за денешните историски успеси кога на македонски јазик се служеше литургија и честа којашто Вселенската патријаршија му ја укажа на премиерот Ковачевски.

Очигледна им е нервозата на ВМРО ДПМНЕ но бадијала им се нарачаните анкети и сите нивни манипулации.

Мицкоски може да нарачува, да лаже, но тоа нема да го промени фактот дека тој води криминална партија што е докажано со бројни судски пресуди, не може да го промени фактот дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување од граѓаните.

Последни вести