fbpx

Повик за учество на летен камп на СДММ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), во соработка со Прогрес Институт за социјална демократија и со поддршка од Фондацијата Макс Ван Дер Штул од Холандија и оваа година традиционално, по петнаесетти пат ќе организира Летен камп за млади социјалдемократи, кој ќе се одржи во периодот од 7-ми до 10-ти Јули 2022 година, во Охрид.
Летен Камп “Трајче Нешковски”
под мотото: “15 години градиме вредности”.
Оваа година на кампот ќе учествуваат повеќе од 90 млади луѓе од цела држава. Планирани се едукативни презентации, интерактивни работилници и работа во групи.
Заради големиот интерес, СДММ при изборот на кандидати ќе внимава на родовата застапеност и застапеноста на учесници од различни региони од државата.
Сите заинтересирани за пријавување на летниот камп потребно е:
– да бидат членови на СДСМ односно СДММ, на возраст од 18 до 29 години;
– да биле дел од клучните проекти на СДСМ и СДММ во изминатиот период;
– ДА НЕ УЧЕСТВУВАЛЕ НА ПРЕТХОДНИ ЛЕТНИ КАМПОВИ организирани од СДММ и Прогрес Институт за социјална демократија;
– да испратат CV и партиска биографија.
Овие податоци заинтересираните учесници потребно е да ги испратат на следниот е-mail:
letenkamp2022@gmail.com, во периодот од 15 Јуни (среда) до 25-ти Јуни (сабота) 2022 година.

Последни вести