Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ денеска призна дека поради патувањето на нивниот пратеник Бојан Стојаноски во Египет, не работи Комисијата за финансирање и буџет каде се наоѓа ребалансот на Буџетот за 2022 година.
ВМРО-ДПМНЕ да не си ја ишка мувата од капата факт е дека тој одбрал попрво да го посети Египет отколку да работи за граѓаните.
Стојаноски многу лесно можел да го отстапи своето место во делегацијата на друг пратеник, а тој да продолжи да ја води седницата на Комисијата за ребалансот да биде што побрзо усвоен, но сепак тоа не го сторил.
Тоа е само уште една потврда дека на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ интересите на граѓаните им се на последно место.