Соопштение за јавност
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ комплетно го изгубија компасот. Асимилација и бугаризација на Македонците и македонскиот народ очигледно е само желба на Мицкоски и очајнички лаги за заплашување на граѓаните.
Исклучитечно опасни манипулации и тези со кои се поткопуваат нашите загарантирани позиции за зачувување на јазикот и индентитетот во преговорите со Бугарија користи ВМРО-ДПМНЕ.
Нивната желба е по секоја цена да ги деградираат граѓаните со цел политички да профитираат.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ директно ја подржаа резолуцијата на ЕПП со која се бранат позициите на Бугарија и се дирекнто на штета на нашите граѓани, додека дома глумат патриоти. Лицемерието нема крај.