fbpx

Кузеска: Редовни избори во 2024 година и тоа е веќе затворена тема

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во вестите на телевизија 24 истакна дека СДСМ како одговорна партија, која што е на власт би дискутриала на тема на францускиот предлог, кога ќе има официјален документ, бидејќи се уште станува збор за неофицијален документ, којшто треба да се усвои од 26 земји членки на ЕУ и Франција како предлагач.
Кога предлогот ќе дојде официјално на наша страна ќе се произнесеме откако ќе се разгледаат сите точки, откако сите дипломатски експерти ќе дадат свое мислење за содржината на предлогот и секако да може детално да биде образложен и пред јавноста, истакна Кузеска.
Потрпаролката на СДСМ нагласи дека наредните избори ќе бидат редовни избори во 2024 година и тоа е веќе затворена тема и дел од декларацијата, којашто ја потпишаа и чија содржина ја поддржаа сите лидери на партии дел од владината коалиција, на денешната средба.
Јасно е наведено и заклучокот е дециден дека предвремени парламентарни избори не се решение за проблемите на граѓаните, туку напротив стабилност, решенија, мерки коишто во наредниот период, остануваат приоритет на владата предводена од СДСМ заедно со колациските партнери, нагласи Кузеска.
Таа истакна дека повтроно, и на самиот протест на опозицијата се слушаат ултиматуми, уцени, дека седнуваат на маса само доколку предвремени парламентарни избори бидат дел од разговорите со опозицијата.
Секогаш кај нив е или-или. Но она што досега не го слушнавме од ВМРО-ДПМНЕ е одговор на прашањето, како во време на криза, затоа што сите сфатија дека е криза, граѓаните знаат дека е криза и дека во владината коалција работиме да се надминат последиците од кризата, очигледно само ВМРО-ДПМНЕ не сфаќа дека е криза или не ја чувствува, затоа што според некои пресметки и информации за организација на таков митинг како што имаа вчера, како што го планирале е проценката 300.000 евра. Од каде на една партија, која што има блокирана сметка, замрзнат имот, од каде и 300.000 ерва во време на криза да организира митинг, рече Кузеска.
Порпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, подвлече дека ВМРО-ДПМН блокира скоро веќе три години, не само во време на оваа енергетска и економска криза, која е најголема по втората светска војна, туку блокира откако започна пандемијата.
Сетете се само на пакетите антикризни мерки, кои требаше да стигнат до граѓаните и да потсетам дека и сега во собранието има закони кои се уште ги блокира опозоцијата како што се законот за армијата, за наставниците. Во институциите ВМРО-ДПМНЕ може да биде конструктивна но одлучува да блокира. Ние продолжуваме, како и досега со изнаоѓање начини, за сите мерки кои се потребни за граѓаните и коишто ќе го ублажат ценовниот шок, ќе ги ублажат сите последици од економската и енергетската криза и ќе продолжиме да работиме токму на тоа, порача портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во вестите на телевизија 24.