Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е партијата којшто го погазуваше трудот и достоинството на работниците, ја држеше минималната плата под 9.000 денари и ги третираше за евтина работна сила.
Ниту е ВМРО-ДПМНЕ на страна на работниците ниту пак на страна на ССМ, напротив,
Целта на ВМРО-ДПМНЕ не е да помогне на ССМ туку да го суспендира договорот на Владата со СОНК за покачување од 15 % на платите во образованието и континурано покачување согласно методологијата.
ВМРО-ДПМНЕ на овој начин бара помало зголемување на платите во образование и детска заштита од 11,5%.
Владата предводена од СДСМ нуди системско решение преку воспоставување на нова методологија која значи постојан раст на платите во јавен сектор.
Преку социјален дијалог со ССМ, како репрезентативен синдикат, може да се дојде до системско решение за што преговорите траат.
До крај на годината ќе се донесе нов закон за платите во јавниот сектор, кој ќе ги воедначи разликите и ќе воспостави систем на плати во јавниот сектор.
ВМРО-ДПМНЕ треба да ја прими порака на граѓаните и своето деструктивно однесување да го промени.