Соопштение за јавност
Промената на правилникот за обновливи извори на енергија на Министерството за економија се овозможува секој покрив во државата да стане електрана, што во време на светска економска и енергетска криза е многу важно, порача пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ на расправата за ребалансот на Буџетот во собраниската комисија за финансирање и буџет.
„Ова е револуционерен, пионерски чекор во нашиот енергетски систем, од сега секое семејство ќе има можност да произведува електрична енергија од фотонапонски панели со можност до шест киловати и да ја користи таа енергија, а вишокот ќе може да го продава на пазарот по регулирана цена. Тоа значи и помали сметки за електрична енергија за семејствата но и државата добива зголемено домашно производството на електрична енергија.
Исто е и за компаниите кои ќе можат да инсталираат фотонапонски панели со максимална моќност до 40 киловати кои исто така можат вишокот на енергија да го продаваат.“ порача Коциќ.
Коциќ истакна дека за сите оние домаќинства кои се заинтересирани на располагање им се ставаат субвенции за набавка и поставување на фотонапонски панели во висина до 62.000 денари по семејство, додавајќи дека многу е поважно да се инсталираат фотонапонски панели наместо соларни панели кои на домаќинствата им обезбедуваат затоплување единствено на водата.