fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да се извини а потоа да побара одговорност од Мицкоски за рушењето на државните позиции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Откако пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, прво што треба да направат е да се извинат кон јавноста за тоа што влеваа страв и несигурност.

Потоа ВМРО-ДПМНЕ треба да побара одговорност од Мицкоски за тоа што ги рушеше државните позиции во спорот со Бугарија, лажејќи дека се продавал идентитетот, јазикот и историјата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно пласираа невистини, лажни вести преку кои дома ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, а надвор ги поткопуваа државните позиции.

Таквиот однос е неодговорен на штета на државните позиции и национални интереси.

Крајно време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се променат и да застанат на страната на државата, на граѓаните, да ги поддржат државните позиции во односите со Бугарија наместо да ги поткопуваат.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски ќе продолжи да ги брани државните позиции и национални интереси, без разлика на тоа како ќе постапуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести