Соопштение за јавност
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма во врска со францускиот предлог истакна дека јавноста и аналитичарите, и новинарите и коалиционите партнери треба да имаат доверба дека Владата и тимот на Владата кои што преговараат секогаш се грижат за нашиот интерес.
Ние имаме двоен интерес во целава работа, имаме од една страна интерес да го зачуваме нашиот идентитет и јазик и сите наши обележја и достоинствено да влеземе во преговорите со ЕУ и од друга страна имаме интерес да ги почнеме преговорите, цел за членство во ЕУ, цел која што ние зацртана од 1992 година и е наша стратешка надворешна политичка па и внатрешна политичка цел нагласи Маричиќ.
Тој истакна дека се настојува да се избалансираат двете за да не испадне дека ќе ги почнеме преговорите на штета на нашите интереси, идентитет и сите обележја на еден народ и држава и не би сакале да отидеме во друга крајност, која што сме ја гледале во минатото, мислејќи дека ќе го заштитме идентитетот и сите обележја ако одбиеме се што доаѓа и ако кажеме не ни треба ЕУ.
Ние сметаме дека можеме да ги постигнеме и едното и другото, дека можеме да влеземе во ЕУ како Македонци кои говорат макаедонски јазик и со сите други обележја, затоа ни треба борба и таа битка не е лесна, рече Маричиќ, додавајќи дека во преговорите комплетно целосно, во секој момент се почтувале програмата на Владата која што ги утврудва рамките за преговарање со унијата, како и декларацијата усвоена во Собранието.
Додека не видиме некој поинаков предлог не можеме да бидеме сигурни и не сме. Меѓутоа, сигурни сме дека ние ќе инсистираме на позициите кои што ги изнесовме да бидат вградени во целиот пакет и во преговарачката рамка и во заклучоците за да може да бидат прифатливи кај нас, истакна Маричиќ, додавајќи дека за нашите позиции поддршка има оод громен број држави членки на ЕУ.
Тој нагласи дека доколку во наредните денови се тргне во правец нашите позиции да бидат услишени можеме да влеземе во разговори.
Но пред било што да се случи, да дојде предлог од Франција, тој ќе биде разгледан во владата, со коалиционите партенри, со опозицијата, најмалку во комисија за надворешни работи на собранието, со претседателот на државата и на крај ќе се донесе одлука што ќе биде најдобра за државата со сите последици и одговорности, треба да се донесе најдобрата одлука за граѓаните и државата, порача Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.