Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Мицкоски
Нема никаква споредба помеѓу владиното рекламирање кое режимот на ВМРО-ДПМНЕ го спроведуваше 11 години, кога се трошеа милиони евра пари на граѓаните за прпаганда, кога не се знаеше каде многу од потрошените пари завршуваа на крајот.
Денес, владино рекламирање нема, не се трошат пари на граѓаните за владини реклами, Мицкоски ги побркал лончињата.
СДСМ пред граѓаните дава отчет за сработеното, што е интерес на граѓаните и станува збор за сопствени средства на партијата, во скромен износ.
И Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се рекламираат, но едноствано нема што да понудат освен 11 години режим како власт и две и пол години деструкција и блокади како опозиција.
Мицкоски може да се рекламира ама нема понуда, нема став, брани криминал, понудата на ВМРО-ДПМНЕ е обнова на режимот.
11 години ВМРО-ДПМНЕ работеше против граѓаните, против интересите на државата, а тоа продолжува да го прави и како опозиција.
Затоа на 12 април граѓаните одново ќе ја поразат деструкцијата на Мицкоски и ќе потврдат дека економијата, државата се на прав пат.