fbpx

Мицкоски со коалицискиот партнер Алијанса беше режисер на крвавото сценарио кое не успеа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема граница деструктивното и опасно однесување на Христијан Мицкоски.

Токму Мицкоски кој денеска се претставува како наводна жртва со цел дополнително да ја радикализира атмосферата, заедно со коалицискиот партнер Алијанса за Албанците беше режисер на крваво сценарио кое за среќа не успеа.

Таквото крваво сценарио требаше да предизвика етнички конфликт и државата да ја одведе во хаос и неизвесност.

Таквото сценарио не успеа, нема да успее ниту ова глумење жртва од страна на Мицкоски кој веќе не бира средства да ја блокира интеграцијата на државата во ЕУ, на што поддршка добива единствено од неговиот коалициски партнер, Левица.

Последни вести