Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ да не бега од одговорност и да го криви народот за мрачните сценарија на Мицкоски кои ги готви и ги спроведува заедно со проруската Левица.
Нема бегање од одговорност за крвавото сценарио кое беше помогнато од Алијанса и кое не успеа.
Целта беше предизвикување тензии и етнички конфликти, за државата да ја одведат во хаос и неизвесност.
Прашањето е која е улогата на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани?
Дали токму Ковачки ја коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио?
Затоа потребно е одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија да понесат сите инволвирани.
Сите надлежни институции се повикани на брза и одговорна постапка и одговор на сите прашања.