fbpx

Постојат механизми и законски постапки, со кои ќе се изврши прочистувањето на судството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Имаме доволно механизми во сегашните законски решенија кои досега не се применувале, истакна Оливер Ристовски, заменик министер за правда,и член на ЦО на СДСМ на трибината „Правда наместо амнестија“.

Државната комисија за спречување на корупција најави дека во годишниот план за 2020 година,во првото тромесечие, ќе влезе проверката на судии и јавните обвинители . Ќе се проверува и оценува постоење на непотизмот, на начиниот на кој се избрани, знаеме како се избираа во периодот од 2006-2016 година, посочи Ристовски.

Од друга страна УЈП врз основа на законски основи и механизми за спроведување на постапки за потекло на имот и нивните примања, истакна Ристовски.

Тоа всушност меѓу другото значи прочистување на судството, заклучи Ристовски.

 

Последни вести