fbpx

Мицкоски и Јанушев да не вртат од околу, туку да ги повикаат пратениците да го поддржат Барањето за автентично толкување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Наместо да кажат дали ќе го поддржат Барањето за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неодговорни предлози кои се во функција на одбегнување на правдата.

Игор Јанушев и Христијан Мицкоски да не вртат од околу, туку да ги повикаат пратениците да го поддржат Барањето за автентично толкување поднесено од СДСМ со кое се става крај на незаконската аболиција од Ѓорге Иванов.

Мора еднаш засекогаш да се затвори незаконската амнестија на Иванов. Секој што се огрешил пред законите мора да одговара, а сите започнати предмети и истраги мора да добијат правна разрешница.

За некој што се огрешил пред законите не е прашањето со што ќе се занимава, туку првенствено мора да одговара за своите постапки согласно законите.

Предлогот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во суштина значи дека сите од ВМРО-ДПМНЕ што 11 години краделе треба да бидат  амнестирани, да не одговараат, па после да им се забрани да се занимаваат со политика. Тоа е несериозно и срамно. Одговорноста мора да биде на прво место.

Затоа прво треба да ја затвориме нелегалната амнестија на Иванов, па да разговараме и за други предлози како и за проширување на забраната за политичко учество и со лица кои се под истрага, на лица под обвинение или за кои беа презентирани прислушувани материјали кои укажуваа на нивна вклученост во незаконски дејствија.

Што се однесува за предлогот за испитување на имот на функционери, тој е задоцнет, таква проверка веќе се случува.

Затоа Мицкоски јасно и гласно треба да ги повика пратениците од ВМРО- ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување на член 11, а не само декларативно да ја замајува јавноста дека се залага за правда и за владеење на правото.

Последни вести