fbpx

Откако излажа за магистратурата и докторатот, дали Мицкоски излажа и за своето прво вработување?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

 

Почитувани,

На татиниот асистент, Христијан Мицкоски, единствена константа му се секојдневните лаги.

Мицкоски излажа дека магистрирал во Италија и докторирал во Германија. Потоа лажеше дека никогаш не кажал такво нешто.

Лажеше Мицкоски и за Договорот со Бугарија, прво велеше дека е штетен, после вели поткрепаме договора.

Јавноста знае дека татиниот асистент лажеше и дека додека бил советник кај неговиот ментор Никола Груевски, работел про-боно, што се покажа како неточно.

Очигледно Мицкоски лаже и за своето прво вработување?

Хигиеничар е чесна и доблесна професија, многу повеќе отколку нечесниот пристап на Мицкоски во политиката и кон граѓаните.

Ако навистина прво се вработил како хигиеничар зошто тогаш тоа не е наведено во ниту една негова биографија?

Или исто како магистратурата и докторатот од Италија и Германија кои никаде ги нема тоа се лаги со кои го потврдува нечесниот однос кон граѓаните.

Мицкоски испраќа многу лоша порака кон младите.

Затоа младите не му веруваат на Мицкоски и затоа младите на 12 април ќе бидат предводници во победата над погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски.

Последни вести