fbpx

СДСМ ја поздравува одлуката на македонското Собрание и им честита на сите граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

СДСМ ја поздравува одлуката на огромно мнозинство пратеници во македонското Собрание и им честита на сите граѓани.

Историската одлука на македонското Собрание значи продолжување на европскиот пат на државата и членство во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик.

Победници со оваа одлука се сите граѓани, затоа што е обезбедена нивната европска иднина којашто ја заслужуваат, за којашто се определиле и за којашто се залага оваа држава уште од нејзината независност.

Усвоените заклучоци значат безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара. Значат остварување на уште една стратешка определба, стратешки интерес на сите наши граѓани, без разлика на етничка или верска припадност.

Без разлика на деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ, победници се граѓаните, затоа што со оваа одлука им ја обезбедуваме европската иднина, иднината на младите, со заштитен идентитет.

Не успеаја црните сценарија и обиди за дестабилизација. Македонската иднина е европска, со македонски јазик, култура, идентитет.

За оние кои во изминатите неколку дена направија класична злоупотреба за сопствени партиски цели на еден исклучително важен, државнички процес нека им суди историјата.

Последни вести