fbpx

Денеска почнуваме преговори со ЕУ, нов успех за сите наши граѓани!

Facebook
Twitter
LinkedIn

После 17 години чекање, денеска нашата татковина започнува пристапни преговори со ЕУ! Ова е историски ден и нов голем успех за сите наши греѓани.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски ја предводи македонската владина делегација во Брисел која во Советот на ЕУ ќе уечствува на првата меѓувладина конференција.

Советот на Европската Унија синоќа даде зелено светло Северна Македонија да ги започне пристапните преговори со ЕУ а официјално преговорите за полноправно членство започнуваат токму со денешната меѓувладина конференција.

Она што за македонскиот народ е особено важно, почнуваме преговори со ЕУ како Македонци, со заштитен македонски јазик, идентитет, историја, култура и посебност.
Честитки до сите граѓани! Македонската иднина е европска!

Последни вести