fbpx

Македонски јазик во ЕУ, потонати се сите лаги на Мицкоски и Апасиев

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сите лаги на Мицкоски и Апасиев потонаа, сите нивни невистини се демаскирани.

Македонскиот јазик одекна во Брисел, влезе во ЕУ, на македонскиот јазик му се отвори патот да стане службен јазик на Европската унија.

Во текот на меѓувладината конференција не само што се говореше на македонски јазик, туку беше достапен на официјалниот канал на ЕУ и на сателитскиот сервис на ЕУ беше испишан како македонски јазик. Чист и без додавки.

Преговорите ќе се водат на македонски јазик со чиста формулација, без дополнителни објаснувања, без фусноти, ѕвездички и придавки.

Ги заштитивме македонскиот јазик, идентитет и посебност, во ЕУ ќе се интегрираме како Македонци кои зборуваат македонски јазик.

Со ова, пропаднаа сите лаги што со месеци ги повторуваат ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Последни вести