Соопштение за јавност
МВР и сите надлежни институции ги повикуваме и очекуваме целосно да го расчистат случајот со опожареното возило на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески, сторителите да бидат пронајдени и санкционирани согласно законите.
СДСМ го осудува овој криминален чин, повикува на одговорност и очекува јавноста детално да биде инфрормирана за причините, мотивите како и за сторителите.
Доколку во ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни проблеми не е начин неосновано да се обвнува било кој, како што поединци во оваа партија на чело со армискиот дезертер, Драган Ковачки го прват.
Обидите за манипулација и покажувањето со прст кон некој друг, само за дневно-политички цели, е свесна злоупотреба на случајот, а можеби и свесно погрешно наведување.
На потег се институциите.