fbpx

Шекеринска: Мицкоски го критикува договорот со Бугарија дома, а го потврдува пред Борисов

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски го критикуваа договорот за добрососедство со Бугарија, дека е штетен и неприфатлив, а од друга страна кога Мицкоски седна со бугарскиот претседател Бојко Борисов, јавно рече дека го прифаќа договорот, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Пробиштип.

Истото го направија пред една недела на конгресот на нивните партии, рече Шекеринска, велат се бореле против додавката Северна, но на Конгресот во Загреб ВМРО-ДПМНЕ стоеше под името Северна Македонија и Мицкоски стоеше под името Северна Македонија, она за кое вели дека не го признава.

ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваат дома, едно во странство, едно на само, друго пред камери, тоа е нивното лицемерие, истакна заменик претседателката Радмила Шекеринска.

 

Последни вести