fbpx

Шекеринска: За две и пол години направивме повеќе од што ВМРО-ДПМНЕ за 11, покажавме дека платите можат да растат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

За неполни 2 и пол години зад нас оставивме долга листа на остварени ветувања и решени суштински проблеми на граѓаните. Додека ВМРО-ДПМНЕ 11 години беше против покачување на плата, вршеше уцени, граѓаните плаќаа драконски казни и радиодифузна такса и превисоки сметки за струја, ние со домаќинско работење ги зголемивме минималната и просечната плата, ја укинавме радиодифузната такса, го решивме проблемот со стечајците, ја вративме евтината тарифа на струја и ги намаливме казните. Тие земаа од граѓаните, ние ги враќаме парите кај граѓаните, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска пред огромниот број присутни граѓани и граѓанки на Пробиштип.

Шекеринска се осврна дека најсилно оружје на СДСМ е вистината, официјалните податоци, фактите и реформите кои се спроведени.

Ја вративме слободата на говор. Нема повеќе бегање од дуели, нема повеќе замолчување на новинари. Покажавме што значи слободна држава во која сите се еднакви пред законите и имаат фер шанса, потенцираше Шекеринска.

Последни вести