Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ беше против се што ја приближува земјата до НАТО и до ЕУ и кога требаше на дело на покаже дека е за НАТО и за ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ секој пат потфрлаше, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Пробиштип.
ВМРО-ДПМНЕ е против се што е добро, против се што е во интерес на граѓаните. Гледате и денеска во Собранието на пратенички прашања постојано критикуваа, зборуваа, а на крајот не поставуваа прашање. Тоа е затоа што бегаат од вистината, затоа што немаат аргументи и затоа што и како власт и како опозиција не сакаат дебата, порача заменик претседателката Шекеринска.