Соопштение за јавност
Форумот на жени на СДСМ најостро ги осудува лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиуми за наводното насилство од страна на пратеникот на СДСМ Костадин Ацевски.
Срамно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ најпрво преку своите медиуми да пласира лажни вести, а потоа преку Унијата на жени на партијата да ги надградува и проширува во дневнополитички цели.
Очајот, безидејноста но и фрустрациите на ВМРО-ДПМНЕ од извесниот пораз отидоа дотаму што тие почнаа да злоупотребуваат семејства и деца во напади против претставници на СДСМ.
Форумот на жени бара сите медиуми кои тенденциозно ширеа лажни информации, веднаш да се извинат и да ги повлечат лажните вести. Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да се извини што свесно и намерно ширеше лажни вести кои немаат допир со вистината.
Форумот на жени е против секаков вид насилство, но и против секаков вид на конструкции, манипулации и лажни вести кои се со политичка заднина.