Почитувани,
Караванот отворени граѓански трибини на СДСМ под мотото „На прав пат“ денеска (28 ноември 2019, четврток) ќе биде со граѓаните на општина Пробиштип.
Граѓанската трибина ќе се одржи во спортска сала „Софија Петровска“ во општина Пробиштип, со почеток во 20.00 часот.
Свое обраќање на трибината ќе имаат:
– Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска,
– Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, и
– Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов.
*пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на официјалната facebook страница на СДСМ.