Соопштение за јавност
Парите ги враќаме назад кај граѓаните. Од први декември почнуваме со повратот на Мој ДДВ, со што околу 3 милиони евра влегуваат назад на сметките на граѓаните, истакна членката на ЦО на СДСМ Сања Лукаревска.
Таа додаде дека од 1 јули оваа година, скенирани се 38 милиони сметки, што е показател дека мерката Мој ДДВ функционира.
Лукаревска порача нема никогаш повторно да се дозволи институциите да бидат за лична корист и никогаш повеќе да не се примени принципот на пиштење и вриштење, тоа ќе биде запишано во историјата.
Покрај Мој ДДВ, одлично функционира и повратот на ДДВ кај правните лица, па ако споредиме 2019 година со 2016 година имаме пораст на поврат на ДДВ за 43 отсто. Само така ќе одиме напред, ако сите се грижиме и работиме чесно и исправно, во интерес на граѓаните на целата наша држава, посочи Лукаревска.