fbpx

Филипче во Гостивар: Правиме суштински реформи во здравството, растат платите, лековите се достапни секој ден од месецот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Пред 2,5 години се соочивме со обесправени доктори и медицински сестри учат германски за да заминат во странство, пациенти со ретки болести без лекови, дијабетичари, кои не знаат каков инсулин примаат, по две новороденчиња во еден инкубатор, истакна претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина „На прав пат“ во Гостивар.

Почнавме да инвестираме првенствено во луѓето, пред се во младите, за да останат тука да се едуцираат. Дадовме над 5 илјади согласности за вработување за 2 години и  нема здравствена установа во земјата, каде бројот на вработени не е зголемен за најмалку 10 насто, рече Филипче.

Платите беа ниски, со дежурства за смешен надомест и затоа почнавме процес на зголемување на платитие. Минатата година надоместокот за дежурства се триплираше до највисоките 7.200 денари, нагласи Филипче.

Тој додаде дека за 2,5 години платите на лекарите специјалисти се зголемени на 40%, над 23% на медицинските сестри, на младите лекари за над 25%, на здравствени соработници над 15 % и сега, велат дека може достоинствено да се работи и да дадат се од себе, бидејќи задоволни здравствени работници значи подобра грижа за пациентите.

Нема повеќе турски инсулин, нема лекови без сертификат, нема сомнителни лекови, но има три нови видови на лекови за дијабетес, се зголеми буџетот за вакцини и за 6 месеци ставивме крај на епидемијата на сипаници, нагласи Филипче.

Тој нагласи дека повеќе нема квоти во аптеките, нема гужви и турканици, паника дали ќе се најде лекот, сега секој ден во месецот ги има лековите и истовремено не се зголемија трошоците.

Освен голем број на вработување во гостиварската болница дадовме над 20 специјализации и се реновираа операциските сали, кои се опремени со најдобра хируршка, а идната година ќе биде набавен апарат за магнетна резонанца, рече Филипче.

Ќе продолжиме по правиот пат да инвестираме во луѓето, опремата и болниците, бидејќи нашите граѓани заслужуваат здравство како во Европа, истакна претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина „На прав пат“ во Гостивар

Последни вести