fbpx

Петров од трибината во Гостивар: Од следните избори СДСМ на листите со 50 отсто застапеност на жените, со таков тим победуваме!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Денес од овде од Гостивар посебно сум горд што можам да кажам дека од следните избори на нашите лисит ќе имаме 50 отсто застапеност на жените, истакна потпретседателот Коста Петров од трибината во Гостивар.

Петров посочи дека институциите кои ги водат жени факт е дека покажуваат особени резултати.

Такви жени, кои посебно се истакнаа како стручни и многу посветени, а тоа резултираше со огромни успеси. Чест ми е што имаме жени кои во своите ресори даваат инзоредни резултати. Меѓу нив се и Мила Царовска, Ѓулумсер Касапи, Мила Царовска, Нина Ангеловска, а со чело на Радмила Шекеринска стануваме членка на НАТО тоа се жени кои водат институции кои се од втално значење за државата и даваат одличен пример.

Со ваков тим на на 12 април победуваме!, посочи потпретседателот Петров.

Последни вести