fbpx

Градоначалникот Костадинов : За прв пат од осамостојувањето на државата во Валандово се инвестирани 24 милиони евра во земјоделието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Горд сум што успеавме да го изнесеме Валандово на прав пат, порача градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов на вчерашната трибина под мотото „На прав пат“

Денес, благодарение на власта предводена од СДСМ немаме рудник, нашето Валандово со околу 300 сончеви денови, не е рударски град ,туку е одлично место за живеење.

Бројките, фактите и делата се тие кои зборуваат. Денес вложуваме секаде подеднакво и не забораваме никого, вложуваме и во населените  места кои беа целосно заборавени или посетувани само за време на кампањи порача Костадинов.

Тој истакна дека со домаќинска работа, по план ,чесно и одговорно само во првата година и пол се вложиле 100 милиони денари, а уште 24 милиони денари досега.

Тоа се инвестиции во инфраструктурата, патишта, водовод, канализации, реконструкција на училишта, инвестиции во туризмот и се што е во интерес на сите граѓани.

За прв пат од осамостојувањето на државата во Валандово се влезени 24 милиони евра, средства инвестирани во земјоделието, затоа што Валандово е земјоделски крај.

Костадинов ги повика сите заедно , без поделби на наши и ваши ,сите кои го сакаат Валандово ,заеднички да го водат Валандово на правиот пат!

Да покажеме дека го сакаме Валандово и ја сакаме Македонија! заврши Костадинов.

 

Последни вести