fbpx

Драгиша Милетиќ: Коалицијата предводена од СДСМ ќе победи на изборите на 12 април

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Добрососедството е патриотизам, а Македонија досега има најдобри односи со соседите, истакна на трибината под мотото „На прав пат“ во Валандово, претседателот на Српската напредна странка во Македонија, Драгиша Милетиќ, чија партија е дел од коалицијата предводена од СДСМ.

Не ме интересира што прави опозицијата, туку што прави нашата влада, а таа прави само добро за граѓаните, зголемување на плати, пензии, повеќе инвестиции и работни места, е тоа е вистински патриотизам, рече Милетиќ.

Не добивме преговори со ЕУ, но тоа не беше наш проблем, и тоа не е наш срам тоа е срам за ЕУ, но наша цел е Европа да дојде кај нас, и ние тоа го правиме. Работиме за граѓаните и државата и затоа Коалицијата предводена од СДСМ ќе победи на изборите, истакна  Милетиќ  

Последни вести