fbpx

Зечевиќ од Присојница: Маврово и Ростуше ќе продолжи со напредокот со глас за Куртовски и СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

На маалска средба во населеното место Присојница, Зечевиќ истакна дека Медат Куртовски и СДСМ во изминатиот период реализираа бројни проекти што го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

Генералниот секретар ги повика граѓаните на 20 август да го дадат поддршка на програмата и понудата на Куртовски и СДСМ затоа што тоа е гаранција дека Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива како модерна европска општина.

,,Мештаните на Присојница знаат дека СДСМ ветеното го исполнува. Изградба на локалниот пат “Надабје” до селото Присојница, локалниот пат со кој се поврзуваат населените места Присојница и Аџиевци…

Над 60 проекти се реализирани во општината Маврово и Ростуше, а уште толку од кои и капитални проекти кандидатот за градоначалник Медат Куртовски има предвидено во новиот мандат.

Со глас за Медат и СДСМ, Маврово и Ростуше продолжува по патот на напредокот, да гласаме за број 1″ порача Зечевиќ.

 

Последни вести