fbpx

Град Скопје да одговори, дали Илиевски согласно закон е поставен за директор на Зоолошката градина?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Јавно објавени информации во медиуми отвораат сомнеж дали новиот В.Д. директор на Зоолошка градина, Драган Илиевски е назначен согласно законите.

Дали за оваа позиција бил распишан јавен оглас и дали Илиевски доаѓа од редот на вработените на оваа установа?

Кој биле критериумите што Илиевски ги испокнува за токму тој да биде назначен за вршител на должност директор на Зоолошката градина во Скопје?

Град Скопје и Данела Арсовска мора да дадат одговор на овие прашања, особено што оваа установа се најде во средиште на скандал со колење на животни на сопствениот имот.

Истовремено, за процесот на назначување треба да се вклучат и надлежните институции кои треба да проверат дали назначувањето на Илиевски е согласно законите.

Последни вести