fbpx

Додека ВМРО – ДПМНЕ е против се` што е во интерес на граѓаните, Владата предводена од СДСМ е насочена кон економски раст

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

ВМРО – ДПМНЕ секојдневно потврдуваат дека остануваат на страната спротивно од интересите на граѓаните.

Откако претходно се изјаснија дека се против растот на минималната плата и против раст на платите во приватниот сектор, а со тоа и против парите да завршуваат назад кај граѓаните .

Политиките на Владата предводена од СДСМ се во насока на економски раст , намалување на буџетскиот дефицит, а со тоа и потребата од негово финансирање односно задолжување и стабилен јавен долг.

Истовремено предлог буџетот за 2020 година е развоен со акцент за инвестирање во човечкиот капитал. Тоа значи инвестирање  во подобро здравство, образование, социјална грижа и воопшто, подобри услови за живот на сите наши граѓани.

При тоа, имаме финансирање на стари доспеани обврски. Па, така, следната година за враќање доспеваат 439 милиони евра по основ на стари долгови земени во 2013 година, кој доспева во јануари во висина од 155 милиони евра. И во декември во износ од 178 милиони евра по основ на еврообврзницата издадена во 2015 година.

Овие стари долгови мора да се рефинансираат, но како резултат на водење на политика за стабилизирање на долгот, како и сегашните поволни услови на пазарот на капитал, долговите ќе се рефинансираат по значително помали каматни стапки. Тоа значи помал трошок за државата и стеснување на долгот.

Според последните податоци, јавниот долг изнесува 47,7% од БДП, што е за 1,1 процентен поен понизок  од 2016 година.

Според оценката на ММФ се очекува економскиот раст да забрза следната година, и го проектираат на 3,4%, што е подобрување на проекцијата за 0,3 процентни поени во однос на пролетната проекција. Пониските даноци и повисоките пензии и плати, вклучително и минималните плати, очекуваат да бидат дополнителен, стимул за потрошувачката.

Намалување бележиме и во невработеноста, кое пак е поддржано од значителното креирање на нови работни места. 17.8 отсто историски најмал процент на невработеност и 54 000 нови работни места .

Успешните политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати за што потврдуваат и официјалните бројки кои се јавно достапни.

ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да манипулира со дезинформации. Се додека е против интересите на граѓаните ,ги очекува загарантирано фијаско на престојните избори во Април.

Последни вести