fbpx

Ковачевски: Европски брендови ќе се произведуваат во европско Тетово, гласајте за број 1, за советничката листа на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Овие избори на 20 август се важни за Тетово и за вас граѓаните, Советот е важен орган за општината, тој е силен коректив на работата на градоначалникот, но и орган од чии одлуки се моделира иднината на вашето маало, вашата населба, вашиот град, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски пред граѓаните на Тетово.

„Важно е во состав на Советот да влезат докажани, угледни и чесни личности кои се подговтени да работат за своите сограѓани, а листата на СДСМ е составена токму од такви имиња, преводена од носителот Глигорије Стојановски.

Сите вие многу добро знаете што се успеавме да реализираме во Тетово во овие четири и пол години. Нов затворен пливачки базен, реконструкција на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка од 18,2 км, изградба на нов училишен објект за ОУ Наим Фрашери во Мала Речица, изградба на филтер станица на водоснабдителен систем во Тетово, изградба на дел од булевар Видое Смилевски Бато во Тетово, набавка на 5 автобуси за јавен транспорт, реконструкција на СОУ Кирил Пејчиновиќ.

И тоа е правецот по кој треба да се движи оваа општина. Да се развива, да ги користи сите свои потенцијали за да обезбеди еднакви и подобри услови за живот и работа на сите граѓани.“ истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека Тетово е важно затоа што токму оттаму беше промовиран концептот Едно општество за сите, затоа што токму Тетово денес е пример за соживот, за заедништво за соработка кои гарантираат и економски развој на општината.

„Денеска, на 21годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор го означивме стартот на изградба на нова фабрика за електрични автомобили кои ќе се произведуваат токму тука во Тетово. Тетово денеска е град кој живее во духот на мултикултурализмот, град во кои се отвораат нови работни места, град кој дава еднакви шанси за секого. Град каде ќе се произведуваат европски брендови, ете за такво европско Тетово се залагаме. Затоа на 20 август масовно гласајте за бројот еден, за СДСМ и коалицијата, за Стојаноски и кандидатите за советници, гласајте за европско Тетово“ повика претеседателот Димитар Ковачевски.

 

Последни вести