Соопштение за јавност
Пред 20 години бевме амбициозни кога баравме квоти за застапеност, но успеавме. Затоа и денес ве повикувам да продолжиме да бидеме амбицизони, дека имаме цел која се уште не е остварена ама е достижна. Да продолжиме да бидеме амбициозни, повторно да бидеме први и да ја оствариме 50-50 застапеноста, повика Шекеринска.
-Да бидеме први повторно, затоа што немаме време за чекање. Затоа што е срамота што нашите млади колешки треба да минат низ истите стереотипи, кал и обвинувања низ кои минувавме и ние пред 10 години. Да бидеме први затоа што покажавме дека Не е сеедно. Не е исто. И бројките значат.
Токму сега, кога го добивме историски најголемиот број на жени пратенички од СДСМ и коалицијата. Токму сега, кога го имаме историски најголемиот број на жени министерки во Владата. И тоа сите од СДСМ и нашата коалиција. Токму сега кога важните ресори на правда, финансии, труд и социјала и одбрана се раководени од жени, рече Шекеринска.