Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи денеска беше меѓу граѓаните на Тетово, каде побара поддршка за советничката група на СДСМ и коалицијата предводена од носителот Глигорие Стојановски.
Битиќи истакна дека централна власт предводена од СДСМ низ конкретни мерки и проекти покажала и покажува што значи вистинска грижа за Тетово и неговите граѓани.
Тој се осврна на најновата голема странска инвестиција со која ќе се отвори фабрика за целосно производство на електрични автомобили и што ќе отвори најмалку 900 работни места, но ќе придонесе и за севкупниот економски развој на државата, како и бројните инвестиции во унапредување на патната инфраструктура.
Битиќи ги повика граѓаните во сабота да гласаат за бројот 1, за советничката листа на СДСМ и Коалицијата.
„Нашата грижа за Тетово, за економијата, за животниот стандард на граѓаните продолжува. Затоа, ве повикувам во сабота да го искористите правото на глас и да дадете поддршка на листата на советници на СДСМ и коалицијата, гласајте за европско Тетово“ порача Битиќи.