Соопштение за јавност
Денешната агенда во Маврово и Ростуше, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ја заврши со посета на населеното место Јанче и средба со тамошните жители.
„Секое место, без разлика дали е помало или поголемо, заслужува да чекори по патот на развојот, а тоа го овозможи кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски. Во Јанче асфалтиран е мостот за влезот во селото. Со ова се санирани оштетувањата на мостот и се подобри движењето на возилата. Во наредниот период ќе следува, реконструкција на патот од мостот до центарот на село, ќе се регулира суводолица низ село, ќе се уреди простор во училиштето за музеј и ќе се исчистат и уредат дивите депонии.“ порача Ковачевски
Претседателот Ковачевски посочи дека Маврово и Ростуше општина која изобилува со раскошна убавина, заслужува градоначалник кој го препознава потенцијалот на овој крај и работи за негов просперитет, а тоа е токму Куртовски.
„Јанче својот избор веќе го има направено и на 20 август, жителите ќе ја потврдат довербата за Медат Куртовски и СДСМ,“ заклучи Ковачевски.