fbpx

Шекеринска од Свети Николе: После 30 години зборување за НАТО, СДСМ успеа да го донесе овој стратешки приоритет, тоа е патриотизам

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Најголемата инвестиција која што ја почнавме беше инвестицијата  во нашата иднина. Членството во НАТО го гледаме како печат на нашата независност , самостојност и безбедност. После 30 години зборување за НАТО, оваа наша Влада, СДСМ  успеа да го донесе овој стратешки приоритет, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, граѓанска трибина во Свети Николе.
 
Таа посочи дека  очекувањата се дека на крајот на месецот и Франција да го ратификува членството во НАТО. Како и дека за неколку месеци нашето знаме гордо да се вее пред седиштето на најмочниот иполитички и воен сојуз на денешнината.
 
Тоа е патриотизам, тоа е инвестиција.На таков начин се инвестира во нашата и иднината на нашите деца.-порача Шекеринска од Свети Николе.
 
Ова наша Влада ќе биде таа која ќе ја отклучи вратата, ќе ги почнеме преговорите и со ЕУ,а дотогаш ќе направиме се да ги донесеме европските вредности тука, порача Шекеринска.

 

Последни вести