Соопштение за јавност
Како одговорна партија, СДСМ во континуитет докажува дека вистински се грижи за сите граѓани преку реализација на мерки што обезбедуваат раст на платите во сите сектори.
Уште една потврда за тоа е последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование од 10 отстои веќе од 1 јануари 2020 година.
Ова воедно е трето покачување на платите на наставничкиот кадар, откако претходно две години по ред со септемвриските плати добија покачување за околу 5 отсто.
Севкупно, наставниците за еден нецел мандат на Владата предводена од СДСМ, добиваат повисоки плати за 20 отсто.
За само две и пол години од мај 2017 до август 2019 година, просечната плата во образованието порасна за 2100 денари, што е значително повеќе од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога за цели седум години од 2010 до 2017 просечната плата во образованието пораснала за едвај 850 денари.
Таквиот тренд на раст дополнително ќе се интензивира со растот од 10 отсто од први јануари.
За разлика од односот на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува да работи во насока на подобрување на образовниот процес вклучително и преку поставување на дигнитетот на наставничката професија на повисоко ниво, вреднување на трудот и поголема мотивација на наставниците.