Соопштение за јавност
На вечерашната трибина „На прав пат“ во Струмица, претседателот Заев упати порака до Христијан Мицкоски, по неговата изјава дека немал проблем Албанец да биде прв човек на Собранието.
-Па зошто молчеше на 27 ми април Мицкоски? Зошто не им го кажа на оние што влегоа да убиваат во Собранието, на оние што беа спреми да ги окрвават своите раце, коишто денеска се по затвори? Зошто не им кажа тогаш да не го прават тоа? Лицемерно е сега пред избори, касно се сети Мицкоски. Требаше на 27 ми април да им кажеш да не влгуваат во Собранието, рече претседателот Заев.
-Ние одиме напред, каде што чекори демократскиот, развиениот свет. Не ги делиме граѓаните, за нас сите се еднакво важни. Секако ќе беше полесно ако од другата страна имавме поразумни луѓе, во опозицијата. Верувам дека и во ВМРО-ДПМНЕ има разумни луѓе, верувам дека ќе соберат храброст за промени. Затоа што се работи за целиот наш народ и нашата земја, додаде Заев во обраќањето пред струмичани во преполната сала во Струмица.