fbpx

Заев од Струмица: Платите ги зголемивме во сите сектори, на прав пат сме, во 2020 просечната плата ќе достигне 30.000 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Додека ги решивме децениските проблеми, паралелно работевме и дома, докажавме дека имало пари во државата. Го спроведуваме концептот парите кај граѓаните, затоа што граѓанинот за нас е центар на внимание а не споминикот, врбата, порача претседателот Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струмица.

Ја зголемивме минималната плата од 9.000 денари на 14.500 за само две години. Тоа кај секој работник кој добива минимална плата носи по 66.000 денари годишно. Тоа е ваѓно затоа што ја отвора спиралата на раст на сите плати. Определивме 2,4 милијарди денари за да ги поддржиме покачувањата на платите, преку плаќање на придонесите за секој што ќе ја покачи платата. Конечна цел е сите плати во државата да растат, истакна Заев.

На двапати ги покачивме платите во образованието. Ги покачивме платите во здравството, армијата, полицијата, во детските градники. Во периодот пред нас има ново покачување, затоа што има пари да вложиме во граѓаните. Уште едно покачување следува на вработените во културата. Во армијата по 7.000 денари ќе добиваат сите вработени за решавање на станбеното прашање. На прав пат сме, во 2020 да постигнеме 30.000 денари просечна плата онака како што ветивме.

 

Последни вести