Соопштение за јавност
Живееме во време на глобална економска и енергетска криза, предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина, поради којашто цените на светските берзи на енергијата вртоглаво растат.
Поради глобалната криза цените на сите енергенси во светот се покачени а рекордно покачување има и цената на електричната енергија. На крајот на август цените на германаката берза достигнуваа над 700 евра за мегават час, додека на француската берза над 800 евра за мегават час. А овие берзи ја одредуваат цената на струјата во Европа.
Мерки за амортизирање на растечките цени на електричната енергија Владата предводена од СДСМ преземаме веќе една година. Се субвенционира и до 80% цената на струјата за граѓаните, производствот домашно е зголемено, а тука е и мерката за намалувањето на ДДВ-то за електрична енергија од 18% на 5%. Така, цената на електричната на енергија на регулираниот пазар кај нас е 5 пати пониска во однос на пазарната цена на струјата – поради поддршката која државата ја дава за домаќинствата и дел од компаниите кои се мали потрошувачи.
Во 2006 година, цените на електричната енергија на светските берзи биле за 22 пати пониски. Според официјалните документи просечната цена во 2006 година на увезена струја била 36,97 евра за мегават час.
Токму во тој период, цената на струјата кај нас и токму од ВМРО-ДПМНЕ е зголемена за 100%.
Во 2006 годината, кога ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта цената на киловат електрична енергија изнесувала 2.95 денари по киловат час.
Во 2017 кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција, цената на киловат час изнесува 4.95 денари што е речиси 100 отсто зголемување.
Мицкоски во овој период беше директор на ЕЛЕМ и советник на Никола Груевски за енергетика.
Тоа е учиникот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во енергетиката, 100 отсто поскапа струја за граѓаните во време кога немало никаква криза, ниту економска ниту глобална.