Караванот отворени граѓански трибини на СДСМ под мотото „На прав пат“ денеска ќе биде со граѓаните на општина Струмица.
Граѓанската трибина ќе се одржи во салата „Парк“ во Струмица, со почеток во 19.00 часот.
Свое обраќање на трибината ќе имаат:
– Претседателот на СДСМ Зоран Заев,
– Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, и
– Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски
*пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на официјалниот youtube канал на СДСМ и официјалната facebook страница на СДСМ .