fbpx

Младинска трибина на СДММ: Масовното присуство докажа, младите сакаат да се дел од демократскиот западен свет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Холот во Музејот на современата уметност беше претесна да ги собере сите млади кои беа заинтересирани да учествуваат на отворента тринина „Иднината на Европа“ во организација на Социјалдемократската младина на Македонија. 

 

Пред присутните, претседателот на СДСМ Зоран Заев порача дека младите сакаат да бидат дел од демократскиот западен свет, а СДСМ преку Владата која ја предводи и  преку мерките и политиките што ги спроведува, тоа и го прави.

 

Претседателот Заев на младите има порача да не се плашат да зборуваат гласно, бидејќи политичарите се должни да ги слушаат

 

-За прв пат носиме Закон за млади кој е веќе во процедура. Никогаш е не доцна да направите се за младите и ние то го покажуваме. Денес, преку сите мерки што ги преземавме во период додека се движеа крупни процеси и се интегрираме во ЕУ и НАТО и во такви околоности економските политики даваат сериозен резултат. Има нови 54.000 вработени, а од нив 54 отсто се млади. Сите политики за поддршка на вработување дадоа резултати. Иако не сме членка воведовме Гаранција за млади преку кои младите полесно се вработуваат, или добиваат доедукација. Ете тоа е прав пат! порача Заев.

 

– Прифатете го предизвикот на вашата генерација и борете се! Вашата држава ви создала се за да се борите, бидете коректив, борете се за вас младите и за вашите перспективи. Не губете време ниту шанси затоа што нема да се повтори во наредните 10 или 15 години. Сега е време кога младите кажуваат која е перпсективата на младите. Ве предизвикувам во името на иднината ваша: борете се!, порача претседателот Заев.

 

Претседателот на СДММ Дарко Каевски зборуваше за досега спроведените мерки кои се во интерес на младите.

 

Преку младинската гаранција во 2018 година, 1935 млади луѓе, а дополнителни 4100 имаа доедукација, пракса ,зголемување на вештините со цел да бидат поконкурентни и атрактивни на пазарот на трудот. Преку младинската европска картичка, младите имаат низа поволности и можности во повеќе дејности, како угостоителство, транспорт, културни и спортски настани. 400 земјоделци добија грантови од 10 илјади евра за инвестиции во земјоделството и  вложивме над 34 милиони денари во подобрување на ИТ вештините кај младите, истакна Каевски. 

 

Претседателката на младите европски социјалисти, Лара Квесиќ му се заблагодари на претседателот Заев за неговата силна поддршка кон младите, додавајќи дека младите се тие што треба што повеќе да работат, да напредуваат и да помагаат за за напредокот.

 

Генралниот секретар на младите на политичката партија од Грција, Сириза Сотирис Алексиоу, порача дека Сириза и грчкиот народ ќе направат се што е во нивна моќ за да помогнат кон патот кон евроинтеграцијата на Република Северна Македонија.

 

 

Последни вести