fbpx

Алексиоу: Имате силна поддршка од целиот грчки народ , да продолжите по патот на напредокот,прогресот,патот кон ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ќе направиме се што е во наша моќ да ви помогнеме кон патот кон евроинтеграцијата е пораката која од претседателот на СИРИЗА Алесис Ципрас ја испрати генералниот секретар на млади на СИРИЗА, Сотирис Алексиоу, на младинска трибина под мотото ,,Иднината на Европа”во организација на СДММ во Скопје.
 
Тој додаде дека Северна Македонија има силна поддршка од целиот грчки народ, а посебно од  новата генерација во Грција, која што одбра да се наоѓа на правилната страна на историјата.
 
Преспанскиот договор покажува дека прогресивните и левичарските сили одат заедно храбро и одлучно, а потврда за тоа е дека она што некогаш се сметаше дека е невозможно, денес се покажа спротивното и тоа се реализира.-порача Алексиоу.
 

Токму левичарските сили низ историјата потврдиле дека имаа сила да ги променат работите.-истакна Алексиоу.
 
Солидароноста на народите ќе победи, историјата не се враќа назад, а  иднината припаѓа на нас. На нас младите, кои што знаат што значи невработеност и несигурност. На младите кои се принудени да бегаат од нивните држави и да бараат надвор подобра иднина.-истакна Алексиоу.
Последни вести