fbpx

Нови 50 милиони евра за максимално домашно производство на струја

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во услови на светска енергетска криза, институциите предводени од СДСМ спроведуваат ефикасни и навремени мерки за обезбедување на соодветно количество електрична енергија за граѓаните и стопанството.

Со последната одлука на Владата, обезбедени се нови 50 милиони евра за ЕСМ, за да може максимално да го зголеми производството на електрична енергија.

Домашното производство на струја веќе е зголемено, во функција се ставаат сите расположливи капацитети и енергетски потенцијали, како и од нови обновливи извори на енергија.

Тука се и мерките за заштеда на струја во институциите, со кои нивната потрошувачка треба да се намали за 15 отсто.

Предложени се и поедноставени процедури за поставување на фотоволтаици. 

Во услови на вртоглав раст на цените на електричната енергија на светските берзи, СДСМ се грижи за стандардот на граѓаните и преку субвенции ги заштитува од ценовен шок.

Обезбедено е субвенционирање на 80 отсто од цената на сметката за струја за граѓаните, а граѓаните плаќаат само околу 20 отсто од цената.

Сите граѓани, но и 72.000 мали потрошувачи, а тоа се помали приватни компании плаќаат 20 отсто од потрошената струја, а 80 отсто е субвенционирано од државата.

СДСМ и во време на криза со одговорни политики, се грижи за сите граѓани

Последни вести